Францускиот ракометен репрезентативец Никола Карабатиќ, во понеделникот е претставен како ново засилување за Монпеље, клуб во кој се враќа по четири години поминати во германски Кил.

Kарабатиќ во Монпеље има освоено четири шампионски титули, а во 2003-та година ја освоија и Лигата на шампиони.Во Германија, во Кил, ја продолжи навиката стекната во Монпеље да освојува трофеи, а највреден беше од Лигата на шампиони освоен во 2007-та година.После овој успех Кил уште два пати играше финале во ова натпреварување , но на два пати наиде на пречка наречена Сиудад Реал.

Карабатиќ подолго време го форсираше заминувањето од Кил, по отказот на хрватскиот стратег Звонимир Сердарушиќ - Нока , кој го доведе Карабатиќ во Кил, и со кого одлично соработуваа.

-Многу сум среќен што се вратив во Монпеље, ова е голем момент замене.Драго ми е што клубот вложи многу енергија да ме врати.Им благодарам на сите кои го овозможија овој трансфер, кој се случи по долготрајни преговори.Се до минатата недела беше непознато каде ќе ја продолжам кариерата.Мило ми е што ги немам повеќе тие проблеми на вратот.Мило ми е дека сум во градот каде што започна мојата ракометна приказна-изјави Карабатиќ.

Без потешкотии го објасни својот избор.

-Бев во контакт со многу клубови, Барселона, Сидад Реал, Раин-Некар Лоуен, секако и со Кил.После сите нив и со Монпеље, ми го образложија нивниот проект кој ми се допадна поради нивните нагласени амбиции.Во ниту еден момент не го тргнав емотивниот аспект.Овде ја почнав кариерата, тука е мојот брат Лука, тука се и другите мои пријатели.Меѓутоа не дојдов овде да уживам, за време на празниците, веќе поради спортските амбиции.Имам голема страст за победување, сакам повторно со Монпеље да ја освојам Лигата на шампиони.Имам 25 години и несум ни близу на својот играчки врв-заклучи на крајот, Никола Карабатиќ.